Search

Апсења во Хонг Конг заради вандализам

Полицијата на Хонг Конг соопшти дека уапсила три лица кои се доведуваат во врска со вандализмот во квратот на градот Каулун. Полицијата соопшти дека се уапсени едно 15-годишно девојче, 16-годишно момче и еден 29-годишник заради уништување на градските автобуси. Четвртото осомничено лице е во бегство, соопшти полицијата пренесена од британските медиуми.

Според полициските извештаи, четворицата влегувале во автобусите, ги притискале копчињата за итни случаи, а потоа почнувале со кршење на прозорците со чекани.

Пријавено е и дека пет лица фрлиле Молотови коктели во еден јапонски ресторан, но дека во инцидентот нема повредени.

Исто така е пријавено и дека некои лица предизвикале пожар на улица во дел од градот што честопати е место на жестоки судири на демонстрантите и полицијата во текот на последните шест месеци, колку што траат протестите во градот.

Треба да знаете
Последни објави