Search

Апсења во Албанија поради уништување на изборен материјал

Албанската полиција уапси најмалку петмина приврзаници на опозицијата, поради наводно оштетување на гласачки кутии и документи, за да ги спречат локалните избори во земјата, пренесуваат албанските медиуми.

Полицијата исто така ги обвинила уапсените за физички напади на полицијата за време на судирите, додека ги напаѓале изборните канцеларии во градот Скадар.

Судирите меѓу приврзаниците на опозициските партии и полицијата продолжија и денеска и според информациите има и најмалку петмина цивили и полицајци повредени.

Опозицијата ги бојкотира локалните избори во земјата планирани за 30 јуни и се закани дека ќе ги блокира. Владата на Еди Рама и покрај одлуката на претседателот Илир Мета за одлагање на изборите, инсистира да се одржат изборите.

Треба да знаете
Последни објави