Search

Антонио Бандерас на „Глобусите“ ја избегнуваше Хајди Клум – поради пипкањето

Актерот Антонио Бандерас на доделувањето на „Златниот глобус“ и на забавата што беше организирана потоа, ги избегнуваше моделот Хајди Клум и нејзиниот свршеник, младиот Том Каулиц.

Бандерас, според списанието „Ху“, го нервираше што Клум постојано го пипкаше и бакнуваше Том. „Како пип-шоу”, наводно, Бандерас рекол во еден момент.

Освен 58-годишниот актер, изливите на нежност на Хајди ја изнервираа и 33-годишната пејачка Џанел Монe, па тие двајцата буквално се криеле од љубовната двојка која не ги симнуваше рацете еден од друг.

Том, поранешен член на „ Токио хотел“, и понуди брак на Хајди по само девет месеци врски и познанство. Оттогаш тие се појавуваат заедно на сите општествени настани и не се срамат да покажат нежност.

Треба да знаете
Последни објави