Search

Американската амбасада во Приштина ја потврди поддршката за формирање војска на Косово

САД повторно ја изразија својата поддршка за трансформацијата на косовските безбедносни сили во косовска војска, која ќе има територијален одбранбен мандат, како суверено право на Косово, соопшти амбасадата на САД во Приштина.

Гласањето во парламентот денеска е прв чекор за развој на овие способности, се наведува во соопштението на американската амбасада.

„Овие закони не донесуваат моментална промена на структурата, мисиите или операциите на силите, но претставува почеток на практичен проект за креирање банери, мултиетничка армија која може да функционира со НАТО, која им служи на сите косовски заедници во согласност со десетгодишниот план за транзиција на косовската влада“ се наведува во соопштението.

Од амбасадата на САД ја повикуваат косовската влада да ја продолжи својата блиска координација со НАТО сојузниците и партнерите, како и да се вклучи во информирање и допирање до малцинските заедници.

Како што се додава, постигнување на обострано корисен договор, кој ќе го унапреди мирот, стабилноста и просперитетот на Косово и во регионот претставува најголем приоритет на САД.

Треба да знаете
Последни објави