Search

Амди Бајрам во Истанбул прави свадба за внуката

Поранешниот пратеник Амди Бајрам вечерва прави свадба за внуката Перихан во Истанбул. Свадбата се случува на брод на Босфор, со над 200 гости од Македонија.

Во земјава, поради коронавирусот забрането е организирање свадби, па поради тоа Амди Бајрам решил свадбената прослава да ја организира во Турција каде нема ваква забрана. Видеа од свадбената веселба на ќерка си на својот Фејсбук профил постави синот на Бајрам, Габриел.

Пред една недела откако во јавноста се појави поканата за свадбата закажана за 11 октомври, поранешниот пратеник изјави дека поради мерките на Владата и зголемениот број нови случаи на заразени од коронавирусот решиле да ја откажат прославата.

Свадбите се забранети уште од почетокот на пандемијата во март.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави