Search

Алтернатива, Беса и Алијанса за Албанците бараат уставни промени за албанскиот јазик

По заклучоците на Венецијанската комисија реагираа албанските политички партии Алијансата за Албанците, Движењето Беса и Алтернатива. Тие имаат единствен став, односно дека Албанците не се малцинство и оти албанскиот јаизк треба повторно уставно да се регулира, анализира АлсатМ.

Алијансата за Албанците смета дека од Венецијанската комисија не требало да се бара мислење за целиот закон, туку само за одредбите кои ја регулираат употребата на албанскиот на банкнотите и во војската.

Од движењето Беса констатираат дека не треба да се создаде впечаток оти Законот за јазиците им дава на Албанците нешто повеќе од тоа што им следува. Лидерот на Беса смета дека е реално албанскиот да се регулира со Устав и оти ќе се ангажира да ги обедини сите албански партии за реализирање на ова цел.

За партијата Алтернатива решавањето на проблемот е во уставно решение кое ќе ги затвори внатрешните спорови.

Венецијанската комисија откако целосно го разгледа Законот за јазиците меѓу другото препорача да се укине двојазичноста на судски рочишта и институционалната комуникација да се ограничи само во писмена форма.

Треба да знаете
Последни објави