Search

Алкантара нема да игра против Борусија Дортмунд

Тренерот на Баерн, Ханс Флик изјави дека играчот од средниот ред на тимот, Тијаго Алкантара, нема да има време да се опорави од оштетување на мускулите до натпреварот од 28-то коло од Бундеслигата против Борусија Дортмунд.

– Тијаго денес не тренираше. За жал, тој нема да може да учествува на дербито со Борусија, соопшти Флик.

Алкантара ќе ја промаши втората средба по ред. Тој во сабота не се најде на списокот играчи за натпревар од 27. коло од Бундеслигата против Ајнтрахт Франкфурт.

Дваесет и деветгодишниот Шпанец заработи повреда во текот на првиот натпревар (Унион Берлин) по продолжувањето на сезоната прекината поради пандемијата.

Алкантара има три гола и две асистенции на 33 натпревари за Баерн во сезоната 2019/20.

Треба да знаете
Последни објави