Search

Актерот Бардем ја пофали Грета Тунберг истакнувајќи дека таа е промената

Шпанскиот актер, оскаровецот Хавиер Бардем (50), во говорот одржан во понеделникот во ОН ја пофали младата активистка Грета Тунберг, која се залага за заштита на климата нарекувајќи ја составен дел од општествените промени.

„Таа е промената“, рече Бардем.

Гласот на 16-годишната Швеѓанка е значаен во дискусиите за климатските промени токму поради нејзината возраст, знаење и посветеност, рече тој. Тунберг е инспирација за нејзината генерација затоа што, повикувајќи на протести, предупредува на опасностите од климатските промени, рече актерот.

Гласниот поборник за заштита на животната средина, Бардем, зборуваше во ООН како претставник на „Гринпис“, кој се залага за договорот за океаните да се дискутира во Обединетите нации.

Треба да знаете
Последни објави