Search

Азербејџанските сили го гранатираа главниот град на Нагорно Карабах

Азербејџанските сили утринава го гранатираа главниот град на Нагорно Карабах, Степанакерт, пренесува ерменската новинска агенција Арменпрес.

Како што е наведено, во градот се слушнале три експлозии, а биле погодени и инфраструктурни објекти.

„Азербејџанските вооружени сили започнаа да го гранатираат Степанакерт. Има ранети. Една од гранатите експлодира во близина на центарот на градот “, соопшти Министерството за надворешни работи на Нагорно Карабах. 

Треба да знаете
Последни објави