Search

Австралијка доби затворска казна откако ги однела ќерките во Сомалија за обрежување

Австралијка со сомалиско потекло од Квинсленд, која ги однела своите две ќерки во Сомалија за генитално обрежување, се соочува со четири години затвор за стореното дело, пренесува Ес-би-ес.

Идентитетот на жената не е објавен поради заштита на идентитетот на нејзините деца, но судските записи потврдуваат дека таа е првата личност што ќе биде осудена во Квинсленд за подложување дете на гентално осакатување.

Таа беше прогласена за виновна дека ги одвела своите ќерки, на возраст од 10 и 13 години, во нејзината земја во раѓање во април 2015 година за постапката.

Осакатувањето на женските гениталии се однесува на сите постапки кои вклучуваат делумно или целосно отстранување или повреда на надворешните женски гениталии или генитални органи, како што се шиење на лабија мајор или сечење на клиторисот. Обрежувањето се изведува кај жени и девојки на различни возрасти, вклучувајќи ги и бебињата.

Не постои медицинска причина за постапкатакоја може да резултира со инфекции, шок, крварење, хронична болка, репродуктивни проблеми и со смрт.

Окружниот суд во Бризбејн посочи дека обрежувањето претставува злоупотреба на децата, и дека мајката свесно ги изложила девојчињата на опасната процедура во Африка.

„Во овој случај, жена со непозната способност користела остар предмет за отсекување на клиторинскиот капак на девојчињата.Тие не биле под ансетезија, крвареле и трпеле  значителна болка неколку дена,биле изложени на очигледен ризик од инфекција, па дури и од смрт”, се вели во образложението на пресудата.

Властите биле известени за случајот од постарата полусестра на девојчињата по нивното враќање во Австралија неколку месеци подоцна.

Треба да знаете
Последни објави