Search

Златан Ибрахимовиќ си оди од Манчестер Јунајтед

Златан Ибрахимовиќ доби поништување на договорот со Манчестер Јунајтед, потврди англискиот клуб, со што се отвара врата шведскиот ветеран да се приклучи на МЛС клубот, Лос Анџелес Галакси, по шпекулациите на американските и англиските медиуми.

„Сите во клубот сакаат да му заблагодарат на Златан за неговите перформанси од неговото доаѓање и му посакуваме најдобро во иднината“, објавија од Јунајтед.

36-годишниот Ибрахимовиќ, кој е најдобриот стрелец во историјата на шведската репрезентација со 62 гола во 116 натпревари, доби сериозна повреда на коленото во четврт-финалето од Лигата на Европа против Андерлехт минатиот април, но клубот му даде уште еден едногодишен договор.

По кам-бекот на терените, тој не успеа да избори место во тимот, и последен пат настапи на 26 декември против Барнли.

Треба да знаете
Последни објави