Search

Зимската служба на Општина Аеродром започна со работа

Зимската служба на Општина Аеродром започна со работа

Двете општински возила ги расчистуваат улиците под надлежност на Општината и фрлаат сол за да спречат замрзнување.

Акцијата почна со патот Горно-Долно Лисиче, продолжува во регионот Тодор Чангов и Горѓи Капчев и на улиците околу поликлиниката „Јане Сандански“, градинките и училиштата.
Во текот на вечерта ќе бидат опфатени и останатите улици и паркинзи на територијата на Општина Аеродром.

Треба да знаете
Последни објави