Search

Животна драма на Лепа Брена: „Со хелихоптер ме префрлија во болница. Се плашев дали ќе преживеам“

Животна драма на Лепа Брена: „Со хелихоптер ме префрлија во болница. Се плашев дали ќе преживеам“

Лепа Брена проговорила за агонијата која ја минала поради нарушената здравствена состојба.
Познатата пејачка открила, досега, непознати детали за себе. Една од најголемите пејачки на бивша Југославија по првпат проговорила за тешката состојба која оставила последици на нејзиното здравје. Досега нераскажаната приказна имала намери да ја открие во својот документарец, но во последен момент тој дел бил исфрлен од филмот.

Последиците од здравствените проблеми ги чувствува и денес.

„Се сеќавам дека една година имав стравично воспалување на синусите кое ми остана хронично и поради тоа денес имам таков глас, како да зборувам низ нос“ открила Брена.
Но, тоа е само почеток на проблемот:
„Некако успеав да испеам еден концерт. На вториот колабирав и паднав на сцената. Со хелихоптер ме префрлија директно во болница во Нови Сад. Се сеќавам дека ми открија гнојно воспалување на синусите. Тоа беше толку страшно што нон стоп примав инфузии. Имав такви болки што не можев да ги отворам очите. Се плашев дека во главата имам рак или некое потешко заболување. Толку беше катастрофално што се плашев дали ќе преживеам“ раскажала пејачката за белградски Курир.
За својата здравствена состојба Брена неодамна проговорила и во интервју за
Showbuzz.hr. Признала дека има тромбоза но дека моментално е под контрола.
„Тромбозата бара потполно поинаков начин на живот, поинаков начин на исхрана, кој јас тотално го применив. Тоа бара умерена физичка активност, не смеете да се заморувате, не смеете да бидете во прегреани простории…но не е ниту лошо да се пие алкохол…“ со насмевка рекла Лепа Брена.

Треба да знаете
Последни објави