Search

Жените или мажите – Кој носи подобри бизнис одлуки?

 

Кога станува збор за работата, жените секако дека можат да им парираат на мажите на високите позиции, а многу често знаат да бидат и поуспешни од нив, покажуваат истражувањата.

Истражувањата покажаа дека жените се повеќе правични при донесувањето на важни одлуки, што резултира со успешна работа на компанијата во која се вработени.

Мажите, од друга страна, се склони при значајни избори да се раководат според правилата и прописите, додека жените многу малку се oграничуваат со овие нешта. Тие сакаат да се потпрат на соработка и консензус.

„Жените имаат тенденција да видат голем број на можни решенија, што е многу важно кога треба да се земе во предвид мислењето на повеќе страни“, изјави Георги Мекин, дел од истражувачкиот тим.

Во споменатото истражување учествуваа 600 мажи и жени кои се наоѓаат на директорските позиции во различни компании.

Треба да знаете
Последни објави