Search

Загадувањето стигна и до Вевчанскиот карневал

Загадувањето стигна и до Вевчанскиот карневал

Вевчанци и оваа година со своите маски ги забавуваа бројните посетители на традиционалниот Вевчански карневал. Преовладуваат маски за загадувањето со ПМ10 честичките во воздухот, актуелизирањето на спорот со името, двојазичноста и притворените за настаните во Собранието од 27 април минатата година.

Вечерва во пресрет на дочекот на Новата година по стариот календар, посетителите ќе имаат прилика да уживаат и во настапите на Џамбо Агушев Оркестар, Блага Петреска и Чалгија Саунд Систем.

Треба да знаете
Последни објави