Search

Заев се надева на решение за името до јуни

Премиерот Зоран Заев очекува до средината на годината да се најде решение за 25-годишниот спор за името со Грција и на Самитот на НАТО во јуни да биде активирана поканата за членство на Република Македонија.

Во изјава за бугарската телевизија „Нова“, Заев вели дека евентуалното решение ќе треба да биде одобрено на референдум.

– Референдумот треба да биде дополнителна гаранција и за нашите пријатели од Република Грција бидејќи со тоа дефинитивно ќе се тргнат сите сомнежи, а народот ќе стои зад решението кое ќе биде прифатено. Убеден сум дека Македонците се подготвени за тоа. Но, сè уште сме во преговори и се надевам дека решението ќе го сочува достоинството на граѓаните и на Грција и на Република Македонија – истакнува Заев.

Тој додава дека „заедно со јужните соседи од Грција прават се да се отвори внатрешна дебата и да се изнајде решение прифатливо и за двете страни“.

– Се надевам дека ќе се дојдеме до решенија кои се доволно прифатливи и за двете страни заради тоа што на крајот решението мора да го сочува достоинството и идентитетот на двете земји. Само така се градат пријателства и тоа мора да биде на една трајна и одржлива основа. Сето ова го кажувам заради тоа што ако бидеме паметни и мудри порано да го решиме проблемот, ќе успееме да ги фатиме и ваквите перспективи на овие одлуки – вели Заев.

Треба да знаете
Последни објави