Search

Заев: Очекувам Села да го прифати вицепремиерското место за реформи

Премиерот Зоран Заев очекува Алијансата за Албанците на Зијадин Села да остане во владата и да го прифати вицепремиерското место за реформи.

„Очекувам дека господинот Села, кој е лидер на млада партија која најверојатно сака да се докажува, ќе го прифати понуденото потпретседателско место во владата за реформи. Очекувам таков чекор од партијата која води 20 сериозни сектори во државните органи. Не е возможно да сменам кој било од министрите кои се зафатија со својата работа од 1 ноември, веднаш по локалните избори“, одговори Заев на новинарско прашање за натамошниот опстанок на коалиција со Зијадин Села, по одложеното рочиште за „Поткуп“.

Алијансата за Албанците на вчерашното Централно собрание одлучи да не ја напушта владината коалиција предводена од премиерот Заев.

По партискиот состанок, лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села кажа дека се надева повторно да се сретне со премиерот Заев за да разговараат пак за условите за нивно останување во коалицијата.

Во четвртокот, Заев и Села имаа средба во владата, по која што Села изјави дека нема да го прифати понуденото вицепремиерско место и му предложи на премиерот да воведе нова функција – заменик премиер за носење бурек и таа да им ја даде на ДУИ.

Треба да знаете
Последни објави