Search

Заев и Мицкоски во Собрание, ќе има ли договор за законот за јазиците?

Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се во Собранието каде што за во 13 часот е закажана седница за законот за јазиците. Како што дознаваме, Заев и Мицкоски имале одвоени координативни состаноци со пратеничките групи.

 

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, не откри детали од координативниот состанок со Мицкоски само рече дека не сака да верува дека на денешната седница нема да има расправа за амандманите.  Заев, пак, неодамна изјави дека ако се расправа за амандманите тоа ќе значи блокада на работата на Собранието во следните шест месеци, кои според него се клучни за евроинтегративните процеси на Македонија.

Законот за употреба на јазиците е во трето читање во Собранието, а од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 35.569 амандмани со образложение дека законот е неуставен и треба да се повлече.

 

Треба да знаете
Последни објави