Search

Заев и Ѓорчев нема да сведочат на судењето за обидот за убиство на Села

Премиерот Зоран Заев и пратеникот Влатко Ѓорчев денеска нема да сведочат на судењето за обидот за убиство на Зијадин Села што се случи на 27 април минатата година.

Заев денеска бил спречен да се појави во судницата во кривичниот суд поради работни обврски, додека поканата на Ѓорчев ја примила неговата куќна помошничка.

Инаку, на денешното рочиште ќе биде пуштена снимка од мобилен телефон, доказ предложен од обвинителството. На минатото рочиште беа прикажани снимки од прес-центарот од безбедносните камери во Собранието и од камерите на медиумите. За обидот за убиство на Села обвинети се вкупно десетмина и тоа: Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески-Кобра, Кире Ѓоргиевски и Цене Ѓоргиевски.

Треба да знаете
Последни објави