Search

Заев, Ахмети и Џафери на средба во Собранието

Премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, заедно со собранискиот спикер Талат Џафери попладнево се на средба во Собранието.

Неофицијално на средбата се разговара за пратеничките имунитети и за Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Собраниската Комисија за деловничко и мандатно-имунитетни прашања на која треба да се разгледуваат барањата за одземање на имунитетот на шестмина пратеници испратени од Судот се уште не е закажана. Обвинителството ги товари пратениците за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата, а во врска со насилствата во Собранието на 27 април годинава.

За одземање на имунитетот на пратеникот потребно е просто мнозинство. Пратениците од власта имаат мнозинство во Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања, така што се очекува одлука да биде донесена и доколку пратениците од опозицијата односно од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваат на седницата.

Треба да знаете
Последни објави