Search

Забрана за сообраќај на тешки возила на неколку патни правци

На патниот правец  Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат службите на ЈП „Македонијапат“.

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар која е воведена утринава во 04.20ч се уште е на сила.

На патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека од 06.05 часот воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

На одредени правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. 

Треба да знаете
Последни објави