Search

За Роналдо нема дилема околу пеналот: Не разбирам зошто се бунеа

Фудбалерите на Реал Мадрид иако беа поразени вчера од Јувентус, сепак поради голот на Роналдо во финишот од мечот успеаа да се пласираат во полуфиналето.

Јувентус водеше со 3:0 и кога сите помислија дека ќе се оди во продолженија, судијата Мајкл Оливер досуди пенал за Реал Мадрид. Во вербалниот судир кој што следуваше, Оливер го исклучи Џанлуиџи Буфон, а потоа Роналдо реализираше од белата точка за крај на надежите на Јувентус.

„Не разбирам зошто протестираа. Имае старт врз Лукас од зад грб, во спротивно тоа ќе беше гол“, изјави Кристијано Роналдо и откри како се чувствувал пред изведувањето на пеналот.

„Пулсот ми се зголеми, но се смирив и знаев дека тоа е одлучувачкиот момент“, изјави Роналдо.

Треба да знаете
Последни објави