Search

За долг од еден денар скопјанец треба да плати 12.439 на извршител

Извршителите убедуваат дека постојат за доброто на граѓаните, но тоа добро граѓаните никако да го почувствуваат. Тогаш кога ќе дојде на нивна кожа – воопшто не е добро.

 

Досега имало многу обиди да се воведе ред во извршителската дејност, но извршителите се ставаат над законот и немилосрдно ја спориведуваат својата агенда.

Извршителите не одмараат ниту за празниците, се блокирале сметки и пред Божик, па не е чудно што на овој човек сметката за наплата му дошла пред Велигден.

Причина за зголемување на блокираните сметки велат од здружението „Стоп за извршители“ е во тоа што се очекува новиот закон за извршување со кој меѓу другото предвидено е да се корегира и тарифата за награда и надоместок на извршителите, па затоа сега извршителиоте брзале со наплатата.

– Тие продолжуваат и понатаму со блокада на граѓаните, без разлика дали е петок попладне, дали е празник. Премиерот најави нов Закон, дали тоа ги плаши, дека доаѓа крајот на овој грабеж и сега што може „да се улови во матно“, вели Марјан Ристески – Стоп за извршители.

Во меѓувреме, од канцелариајта на народниот правобранител велат дека претставките до нив се зголемуваат, а извршителите често знаат да го злоупотребат законот за извршување, па дури да остават и деца без основни приходи. Загрижувачки според нив, е што дел од извршителите не ги слушаат препораките од народниот правобранител.

Треба да знаете
Последни објави