Македонија

„YouthSpeak Forum” – проект преку кој ќе се слушне гласот на младите околу општествените проблеми

„AIESEC” организира „YouthSpeak Forum”, проект со цел обебедување платформа во која младите ќе имаат можност да го искажат својот глас, да се едуцираат за модерните проблеми на локално и глобално ниво, од истомислени компании и организации, кои се залагаат за општествен развиток и соодветно вклучување во дискурсот за нивно решавање, притоа обезбедувајќи посветла иднина за сите нас по пат на ангажирање на висококвалитетна младина која воедно ќе биде главниот двигател на општествените промени во иднина.

Организацијата ги вклучува младите во проекти кои се базирани на Целите за oдржлив rазвој на Обединетите Нации до 2030 година, а овој проект е дел од таа програма. Со организацијата се опфатени повеќе од 100 земји.

„YouthSpeak Forum” исто така, овозможува проширување на мрежата на контакти со влијателни претставници од приватниот и невладиниот сектор како и директен, позитивен импакт на општеството. YSF е наменет за спојување на истомислени поединци и организации со цел активно ангажирање и креирање нови можности за младите во Македонија.

Настанот ќе се одржува вируелно, овозможувајќи им на сите млади во државата од секаде да присуствуваат на 21 и 22 мај. Учеството за сите млади е бесплатно.

AIESEC е најголемата младинска, светска организација која има за цел развој на младите преку добивање на можност да го истражат и развијат својот лидерски потенцијал, а преку тоа да ги подобриме квалитетот и условите за живеење во општеството во целина за сите.

Организацијата е присутна во повеќе од 114 земји и територии, и работи на активирање на лидерство кај младите од 1948. До сега има над 1.000.000 млади луѓе поминале низ AIESEC искуството.

GoGoAnime animes online: DARLING in the FRANXX (https://gogoanime.be/m/09BE) Episode 24

4Anime websites like 4anime: The Hidden Dungeon Only I Can Enter Episode 12