January 21, 2022 22:17
Економија

Xiaomi влегува во бизнисот со електрични возила

 Кинескиот гигант за мобилни телефони Xiaomi ќе гради фабрика во Пекинг што ќе произведува 300.000 електрични автомобили годишно, објави градската влада во Пекинг.

Фабриката ќе се гради во две фази, а Xiaomi ќе го изгради и седиштето на својата автомобилска единица, како и канцеларија за продажба и истражување, во зоната за економски и технолошки развој во Пекинг.

Се очекува фабриката да достигне масовно производство во 2024 година, што е целта што ја објави извршниот директор на Xiaomi, Леи Јун во октомври.

Во март, Xiaomi објави дека ќе инвестира десет милијарди долари во автомобилската единица, во следните десет години. Компанијата го регистрираше бизнисот на таа единица на крајот на август.

Инаку, оваа компанија има отворено илјадници продавници за да поттикне раст на домашната продажба на телефони, но тие продавници планира подоцна да ги користи како канал за продажба на електрични автомобили.

https://animeflix1.com/. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

JUJUTSU KAISEN (Dub)

english dubbed anime Attack on Titan

Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Part 2

watch anime online ANIMEFLIX DARLING in the FRANXX (Dub)

ANIMEFLIX Attack on Titan (Dub)