Search

Xeнифер Гарнер својот син го носи на ушка oд училиште

Синот на Џенифер Гарнер, Семјуел, го има најубавиот транспорт до дома после училиште –  на грбот на својата мајка.

47-годишната актерка се чини дека ужива во обврската да го земе Семјуел по завршување на наставата во училиште во Брентвуд. Таа беше фотографирана додека се забавува во играта со Семјуел по часовите во понеделникот.

А младото момче оди по нискиот ѕид од цигли пред да се качи на грбот на мајка му за „возење“ на ушка.

Холивудската актерка беше прогласена за најубава жена за 2019 година, според магазинот „Пипл“. Списанието секоја година го прави изборот за најубава дама, а мината година изборот падна на Џенифер.

Поранешната сопруга на актерот Бен Афлек е на прагот на петтата деценија, а вели дека за нејзиниот изглед голема заслуга имаат и нејзините три деца Вајолет (14), Серафина (11) и Семјуел (7).

Треба да знаете
Последни објави