June 25, 2022 10:06
Магазин

Wizz Air ја објави својата намера да формира нова авиокомпанија во Малта

Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија за ултра евтини летови во Европа и една од најодржливите, објавува дека базирано на документот ‘Arrangement on Reallocation of Responsibility’ кој беше потпишан денес помеѓу Агенцијата за Авио Безбедност на ЕУ (“EASA”) и Директоратот за Цивилна Авијација на Малта (“CAD”) имаме намера да испратиме барање за нашата подружница во Малта да добие “Air Operator’s Certificate” (“AOC”) од EASA и лиценца за работа од CAD.

Во зависност од потврдата за своите AOC и OL од EASA и CAD, Wizz Air Malta може да започне со работа во октомври 2022 година со авиони регистрирани во Малта.

Главниот извршен директор на Wizz Air, József Váradi изјави: „Со задоволство ја објавуваме нашата намера да основаме нова авио подружница во Малта. Wizz Air постојано проценувајќи ја структурата на својот бизнис, ги истражува опциите за воспоставување нови AOC и бази во Европа и пошироко. Успешното основање на Wizz Air Malta подоцна оваа година ќе помогне да се зајакне нашата силна позиција и да се поддржат нашите планови за проширување во Европа. Со нетрпение очекуваме да работиме со EASA и Малтешката Управа за Цивилно Воздухопловство за да го забрзаме ова брање“.
Patrick Ky, извршен директор на EASA, изјави: „Ова ќе биде нов чекор во веќе добро воспоставената соработка помеѓу Агенцијата, Управата за цивилно воздухопловство на Малта и Wizz Air. Оваа нова поставеност, каде што една група ќе управува со повеќе AOC со седиште во различни земји-членки, но надгледувана од истиот надлежен орган, ги демонстрира достапните можности преку пренесување на одговорностите на EASA. Со нетрпение очекуваме да работиме заедно на издавањето на овој сосема нов AOC и последователните активности за надзор“.

Капетан Charles Pace, генерален директор на Дирекцијата за цивилно воздухопловство Малта, изјави: „Чест е да се има Wizz Air како една од авиокомпаниите што ја избира Малта како едно од нивните главни деловни места. Тимскиот напор и пристапот на CAD уште еднаш се покажа како победничка формула. Би сакал да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на извршниот директор и одборот на Wizz Air за нивната доверба и со нетрпение очекувам да работам со EASA и Wizz Air во издавањето на AOC и AOL.”

mẹo bắn cá go88 Review chi tiết về Cổng game đổi thưởng Go88 Club tải game go88

sunwin ơ đâu sunwin 4050 cm cnc laser engraver sunwin energy srl