June 25, 2022 21:12
Економија Магазин

WIZZ AIR прославува 18 години од првиот лет и ги наградува своите патници со 18% попуст на сите летови

Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија за ултра евтини летови во Европа* која воедно е и една од најодржливите, денес прославува 18 години од работење во Европа. По повод својата годишнина, авиокомпанијата им нуди на своите клиенти попуст од 18% на сите летови во мрежата на WIZZ **. Намалените авионски карти се достапни само денес, 19 мај, 2022.

За време на своите 18 години постоење, уште од првиот лет во 2004 на Катовице – Лондон Лутон рутата, Wizz Air константно ја проширува својата мрежа на рути и флотата на авиони. Исто така, од како беше направен првиот лет од Северна Македонија во 2012, авиокомпанијата им нуди на своите македонски клиенти поволни алтернативи по ниски цени до различни дестинации насекаде низ Европа и не само тоа, денес имаме летови од 2 аеродроми во земјата.

Wizz Air нуди широк спектар на нискобуџетни летови до најатрактивните локации во Европа. Картите се достапни за резервација, онлајн на wizzair.com како и преку мобилната апликација. Изненадете ги вашите пријатели, вашето семејство или самите себе со карта до посакуваната дестинација, без разлика дали станува збор за сончева плажа, прошетка во некој од најубавите градови или посета на странска дестинација.

*Базирано на Sustainalytics Rating

** Оваа промоција важи само на 19 maj 2022 година од 00.00 до 23.59 часот по средноевропско време („Промотивен период“). Попустот од 18% се однесува на билетот, без административна такса. Попустот од 18% се однесува само на избраните летови достапни на wizzair.com и мобилната апликација WIZZ за време на промотивниот период. Периодот на патување е неограничен. Промоцијата се однесува само на резервации направени на wizzair.com или на мобилната апликација. Промоцијата не важи за групни резервации.

https://tai.go88.is/

sunwin bịp như thế nào