Search

WeareLaika.com со истражување за критичните фактори за вработување на ИТ кадрите од регионот

Македонскиот стартап wearelaika.com, кој поврзува професионалци со ИТ компании од Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска, започна истражување на пазарот на труд за програмери во овие четири земји. Целта е да се создаде силен и транспарентен пазар на труд во ИТ секторот, кој ќе им помогне во создавање на соодветни услови за работа за професионалците, но и ќе им олесни на компаниите при креирање на работните места.

Истражувањето се однесува на најчестите потреби на ИТ професионалците, кои иако се меѓу најдобро платените и во Македонија, се иселуваат од Балканот во големи броеви. Од Лаика апелираат до сите ИТ професионалци да ги одговорат неколкуте прашања анонимно и да придонесат кон формирањето на објективна слика за состојбите на пазарот на труд во ИТ индустријата.

Идејата е да им се дозволи на самите програмери да ги споделат одлучувачките фактори кои прават едно работно место да биде посакувано за нив. Во ИТ индустријата се забележува голем тренд на дебатирање за големите барања од страна на работната сила и квалитетот на работните услови.

Целта на компанијата е да ги претстави проблемите на програмерите преку бројки, за компаниите од целиот регион да се запознаат со статистиката. На платформата моментално се случува интеракција со повеќе од 6000 корисници и 100-тина компании од регионот.

Истражувањето е презентирано како open-source интерактивен инфографик, кој се ажурира на секој еден час и не складира никакви лични податоци на учесниците.  Од компанијата сметаат дека ќе даде значајни резултати кои ќе влијаат на меѓусебното разбирање, транспарентноста и подобрувањето на работните услови за професионалците, не само во Македонија, туку и на целиот Балкански пазар на технологија и ИТ инженеринг.

Веб сајтот и интерактивниот инфографик се изработени од студенти на Академијата за кодирање на Бреинстер.

Треба да знаете
Последни објави