Search

Вучиќ: Ова е терористички акт, Приштина да не помислува да влезе на северот на Косово

Вучиќ: Ова е терористички акт, Приштина да не помислува да влезе на северот на Косово

Тој кажа дека на седницата на српскиот Совет за национална безбедност е договорено да им се испрати писмо на органите на Еулекс и УНМИК со барање државните органи на Србија да учествуваат во истрагата.

Како што кажа, уверени се дека учеството на органите на Србија ќе значи откривање на вистината за убиството на Ивановиќ. Тој истакна и дека убиството на српскиот политичар нема да мине неказнето.

„Ни Хашим Тачи ни Рамуш Харадинај не се главни на Косово, туку тоа е господарот на Косово Кадри Весељи, кој зборува дека Косово стигнало до Ниш. Нема да стигне“, додаде Вучиќ.

Претседателот на Србија истакна дека постојат идеи на една зеја во рамките на КФОР да се прекине контролата врз административната линија на разграничување.

„Моето предупредување денес е никој да не се обиде да го користи тоа за воведување на косовските безбедносни сили ни на северот, ни на Косово воопшто“, порача српскиот претседател.

За шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП Оливер Ивановиќ е безумен терористички акт кој ја загрозува стабилноста не само на северот на Косово, туку и на целиот регион.

„Бараме полицијата да реагира и да ги уапси извршителите на овој гнасен терористички чин. Најважно е да се сочува мирот на Косово“, кажа Дачиќ во Подгорица.

 

 

Треба да знаете
Последни објави