Search

Времето денес облачно и врнежливо

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на повеќе места пообилни, особено во јужните и западните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 9 Целзиусови степени, Маврово 4, Охрид и Битола 9, Кавадарци 12, Берово и Крива Паланка 10, Дојран 13…

И утре времето ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот во западните делови ќе има повремен локален дожд кој на планините и на некои повисоки места ќе преминува во снег. Ќе дува умерен северен ветер, а дневните температури ќе се движат од 5 до 14 степени.

 

Треба да знаете
Последни објави