Search

Вработен на ЕВН физички нападнат додека менувал броило во куќа во Жеровјане

Вработен на ЕВН физички нападнат додека менувал броило во куќа во Жеровјане

А.К. вработен во подружница на ЕВН во Тетово физички бил нападнат од И.А. (45) од село Жеровјане додека со колега менувале електрично брило во дворот на неговата куќа.

– Вчера А.К. (51) од село Волковија, тетовско, вработен во ЕВН „Македонија“-КЕЦ Тетово, пријавил физички напад од И.А.(45) од село Жеровјане, тетовско. Додека А.К. со негов колега менувале електрично броило во дворот од куќата на И.А. во Жеровјане, околу 13.20 часот тој им се доближил и со тупаници повеќе пати го удрил А.К по главата и телото. После тоа и двајцата ги навредувал и им се заканувал, по што го напуштиле местото на настанот, соопшти МВР.

И.А. бил лишен од слобода и по целосното расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави