Search

Возач усмрти пешак во Скопје

Педесет и осумгодишен жител на Орман со возило вчера удрил во двајца пешаци на улица Јадранска магистрала во Скопје. Едниот пешак, на возраст од 23 години, починал во болница.

Според информациите на МВР, вчера во 18.40 часот во Скопје на улица Јадранска магистрала, Н.Ј.А.М.(58) од село Орман со возило „Ланд Крузер“ со тетовски регистарски ознаки удрил во пешаците А.Н.(23) од Гостивар и З.А.(68) од село Дебреше, гостиварско.

Повредените биле пренесени во Градска општа болница „8-ми Септември“  каде во 19.20 часот од страна на доктор била констатирана смрт кај А.Н.,додека кај З.А. се констатирани телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави