Search

Вонредна состојба на Хаваи поради ерупција на вулкан, евакуирани 1.700 луѓе

Итна евакуација на повеќе од 1.700 локални жители на еден од најголемите острови на Хаваи, поради избивање на вулканот Mаунт Kилауеа во близина на станбена површина, што предизвика вонредна состојба.

„Лавата се распрсна по патот како завеса од пожар. Мириса на сулфур и на запалени дрвја“ рекол еден сведок.

Американскиот Црвен крст отвори засолниште за евакуација на луѓето. Ерупцијата следи по серија силни земјотреси во последните денови.

Пропустливиот вулкански кратер – познат како Пуу Оо, пропаднал претходно оваа недела, испраќајќи лава по падините на планината кон населените места.

Гувернерот на Хаваи, Дејвид Иџ, изјавил дека активирал воени резервисти од Националната гарда за да помогне во евакуација на илјадници луѓе.

Фотографии снимени од близу со дрон, покажуваат лава како избива од пукнатина во шумски станбени населби и истекува по патот.

Треба да знаете
Последни објави