Search

Во Скопје 20 сообраќајки, три лица тешко повредени

Три лица се потешко повредени во три од 20 регистрирани сообраќајки во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во осум незгоди со полесни повреди се здобиле 13 лица, а во девет е причинета материјална штета, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и четири возачи се движеле со брзина поголема од дозволената. Шест лица се исклучени од сообраќај: двајца поради возење под дејство на алкохол,  тројца го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување моторно возило и еден возач почетник. Затекнати биле 71 непрописно паркирано возило.

Со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 69 возила.

 

Треба да знаете
Последни објави