Search

Во кои години жените се чувствуваат најатрактивно?

Иако многумина би помислиле дека станува збор за дваесеттите години, едно истражување покажува дека жените подоцна добиваат високо ниво на самодоверба и имаат најдобра слика за себе.

 

Според британското истражување, жените дури во триесеттите години се чувствуваат најатрактивно и најпосакувано.

Според истражувањето во кое учествувале 2.000 жени од Велика Британија, жените се сметаат себе за најпривлечни на 34 години. Клучна улога во убавата слика што ја имаат за себе е самодовербата на која работеле изминатите години.

Исто така, повеќето жени потврдиле дека овие години им носат и поквалитетна врска, но и дека расте нивното либидо.

Треба да знаете
Последни објави