Search

ВМРО-ДПМНЕ: Кој ги фрли амандманите поднесени на законот за двојазичност околу Собранието?

ВМРО-ДПМНЕ: Кој ги фрли амандманите поднесени на законот за двојазичност околу Собранието?

„Aмандмани поднесени на законот за двојазичност беа расфрлани околу Собранието. Тоа е факт кој го виде целокупната јавност. Ниту СДСМ ниту владејачкото мнозинство може да избегаат од тој факт со какви било манипулации.

Тие се должни да одговорат кому му сметаат и кој ги фрли амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, поднесени во врска со неуставниот закон за двојазичност.

Владејачкото мнозинство треба да и одговори на македонската јавност кој издал наредба и кои се лица учествувале во овој срамен и недемократски чин.

Дали ова значи дека залудни се обидите за аргументирана дискусија и правно побивање на неуставните закони во Собранието и дека со доаѓањето на СДСМ и Зоран Заев на власт демократијата во земјава заврши во контејнер?

Демократијата во Република Македонија не смее да биде погазена и понижувана на овој начин.

Уште еднаш го повикуваме Собранието на Република Македонија што побрзо да спроведе истрага, да ги открие и санкционира сторителите на овој срамен и недемократски чин. Највисокиот законодавен дом во земјава не смее да си дозволи вакви недемократски постапки да останат нерешени и неказнети.

Ваквите постапки нема да го спречат ВМРО-ДПМНЕ и понатаму да ги заштитува законите и Уставот. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори за еднакви можности на сите граѓани на Република Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Дарко Костовски..

Треба да знаете
Последни објави