Search

Владина седница за младинските политики

Владина седница за младинските политики

Владата на Република Македонија денеска ќе одржи тематска седница посветена на младински политики кои Владата ги имплементира и ќе ги имплементира во иднина.

На оваа седница, како што соопшти владината прес-служба, и претходеа серија отворени координативни средби, организирани и координирани од страна на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Владата на Република Македонија, кои преку средбите и широка јавна расправа, отворија простор за предлог политики на младинските организации.

На седницата, покрај младинските политики кои ги имплементира Владата, заедно со претставници на младинските организации, ќе бидат разгледани доставените предлог – политики, посветени на унапредување и подобрување на животот на младите во земјава.

Треба да знаете
Последни објави