February 16, 2019 17:21
Спорт

Владимир Кличко кандидат за претседател на АИБА

Поранешниот светски боксерски шампион, Владимир Кличко, и официјално е главен кандидат за претседател на Меѓународната боксерска аматерска асоцијација (АИБА), пренесува руската државна агенција „ТАСС“.

Според „ТАСС“ оваа информација е презентирана на членовите на Извршниот комитет на АИБА на состанокот што се одржал во Дубаи, на кој Извршниот комитет на едногласно гласаше да го суспендира актуелниот претседател Чинг-Куо Ву, кој беше обвинет за финансиски малверзации.

Комитетот реши да се свика вонреден конгрес во јануари 2018 година, кога ќе биде поднесена и иницијативата за гласање на недоверба на Ву, по што се очекува и официјално Кличко да биде номиниран за претседател на АИБА. Номинацијата на 41-годишниот Кличко во меѓувреме е официјално прифатена.

Украинецот стави крај на неговата богата и успешна кариера во август годинава, кога во последниот свој меч загуби од британскиот боксер Џошуа.

Related posts

Надал со добри вести пред почетокот на Австралија Опен

Igor

Гигс со совет до Бејл: Продај ги сите спортски автомобили и купи си Range Rover

24info

Сари опција за клупата на Рома

Filip