Search

Виножито за Гинисовата книга на рекорди над Тајван

Виножито, кое траело речиси девет часа на небото над тајванскиот главен град Тајпеј, го собори досегашниот Гинисов рекорд на британската област Јоркшир, регистриран на 14 март 1994 година.

Истражувачите од Одделението за прочучување на атмосферата при Универзитетот за кинеска култура во Тајпеј, забележале дека виножитото траело од 6:57 до 15:55, односно цели осум часа и 58 минути.

Претходното рекордно виножито беше во Гинисовата книга повеќе од 23 години и тогаш траело шест часа.

Професорот од тајванското Одделение, Чоу Кун-хсуан и неговиот тим го фотографирале виножитото илјадници пати, како доказ при пријавувањето на новиот Гинисов рекорд.

 

https://youtu.be/TQ1JIxSik9s

 

 

Треба да знаете
Последни објави