Search

Фудбалер на Виљареал киднапирал и измачувал човек

Фудбалер на Виљареал киднапирал и измачувал човек

Фудбалерот на Виљареал, Рубен Семедо е упасен под три обвиненија дека заедно со двајца свои роднини киднапирале и измачувале едно лице, чиј идентитет полицијата се уште не го открива.

Како што пренесува шпанска „Марка“, жртвата на 12 февруари пријавила во полиција дека Семедо и неговите роднини го малтретирале во куќата на фудбалерот.

Потоа, осомничените заминале во домот на жртвата и оттаму украле пари и вредни предмети со цел да го уценуваат.

Шпанските медиуми наведуваат дека кај оштетениот биле видливи модринки, а повреден му бил и зглобот додека го малтретирале во подрумот.

Семедо и неговите роднини дури пукале од пиштол за да го заплашат човекот.

Според гласините во шпанските медиуми, станува збор за нерасчистени сметки од пред неколку месеци, кога Семедо имал конфликт со жртвата.

Ова не е првпат 23-годишниот фудбалер да врши насилство, откако во 2017 година удрил момче со шише во главата, а претходно со пиштол ѝ се заканувал на хостеса.

Треба да знаете
Последни објави