Search

Verizon и Nokia ќе постават приватна 5G мрежа на пристаништето во Саутемптон

Verizon соработува со Nokia и Здружените британски пристаништа (ABP) на поставување приватна 5G платформа на пристаништето во Саутемптон, за да му обезбеди на центарот безбедна приватна мрежна врска со мало доцнење.

Со овој нов договор, пристаништето во Саутемптон ќе стане првото британско пристаниште на копно со приватна 5G мрежа.

Според партнерите, приватната 5G технологија создава основа за идна примена на апликациите за Интернет на нештата (IoT) и машинско учење за поефикасно работење, истовремено решавајќи ги проблемите на комуникација на податоците предизвикани од слаба Wi-Fi врска.

Тами Ервин, Извршен директор на Verizon Business изјави: „Компаниите како ABP се под поголем притисок да ги развиваат своите услуги со огромна брзина, за да ги искористат новите комерцијални можности.

„Заедно со Nokia, успеавме да ја опремиме ABP да ги искористи непосредните придобивки на приватните 5G понуди, и што е најважно да го подготвиме пристаништето во Саутемптон во целост да ги искористи новите технолошки апликации и аналитиката во реално време, која дигитално ќе ги трансформира неговите услуги во иднина“.

Платформата ќе му овозможи на ABP безбедна приватна безжична мрежа за податоци во избраните области на источниот и западниот дел на пристаништето, овозможувајќи комуникацијата на податоци да се обедини во една мрежа.

Се надеваме дека ова ќе ја намали претходната сложеност и ќе помогне да се подобри сигурноста и безбедноста на терминалните комуникации.

Технологијата може да помогне во овозможување на новите унапредувања на услугите, вклучувајќи го следењето на имотот, автономните управувани возила, управување со текот на работа, предвидливо одржување и надзор на безбедноста во блиска иднина.

Хенрик Л. Педерсен, Извршен директор на компанијата ABP истакна: „Градењето на флексибилни и еластични технолошки платформи за задоволување на потребите на нашите клиенти е клучен елемент на нашата стратегија, а со тоа што станавме прв оператор на пристаниште во Велика Британија, што нуди приватна 5G мрежа, е фантастично достигнување за ABP“.

Verizon Business ја лансираше својата меѓународна приватна 5G платформа за глобални претпријатија лоцирани во Европа и Азија-Пацифик во октомври 2020 година.

Моментно испорачано во партнерство со Nokia, решението им овозможува на претпријатијата во своите простории да развијат приватна индустриска наменска 5G мрежа.

Мрежата е заснована на Nokia Digital Automation Cloud, платформа за апликации што обезбедува висок пропусен опсег, ниска латенција, хипер-брза приватна безжична конекција и локално компјутерско работење.

Брајан Фитџералд, SVP на Verizon Business Group и Nokia изјави: „5G можноста ќе биде реализирана во целост со Industry 4.0, како што се отвора спектарот и приватните 5G мрежи почнуваат да работат на индустриските локации ширум светот“.

 

Треба да знаете
Последни објави