Search

Ван Гал: Сакав мојот Јунајтед да игра како што игра Сити под Гвардиола

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Луј Ван Гал, вели дека визијата на „Црвените ѓаволи“ била слична со онаа која денеска ја имплементира Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

 

Ван Гал за спортските медиуми изјави дека Гвардиола едноставно има подобри фудбалери на располагање.

Покрај тоа, уште еден фактор не му одеше од рака на Холанѓанецот, кој и понатаму тврди дека имал рецепт за успех на клупата на Јунајтед.

„Пеп Гвардиола е моментално најдобриот експерт во Премиер лигата, тој успеа од Сити да направи машинерија. Играат фудбал каков што сакав да играме во Манчестер Јунајтед. Но, тој има подобри играчи и процесот трае подолго. За жал, јас не добив доволно време“, изјави Ван Гал.

Тој вели дека не е разочаран од Мурињо, кој го замени во мај 2016 година, но е незадоволен од спортскиот директор на Јунајтед Ед Вудворд, бидејќи доби отказ непосредно откако го освои ФА Купот.

„Она што не е добро е кога извршниот директор ќе ви каже дека е потполно задоволен од вас, тогаш не верувате што пишуваат весниците. Потоа го освојувате ФА купот и сепак добивате отказ“, вели Ван Гал.

Инаку, Манчестер Сити за кого зборуваше холандскиот експерт, моментално има 81 поен во 30 кола и му треба победа во наредните 8 натпревари за и математички да си ја обезбеди шампионската титула во Англија, на која речиси од Нова година и беше познат новиот сопственик.

Треба да знаете
Последни објави