Search

Ужасна смрт на дете од лилјак

Ужасна смрт на дете од лилјак

Шестгодишниот Рајкл Роук од Флорида почина од беснило со кое бил заразен кога го изгрбал лилјак.

Таткото на детето Хенри раскажа плачејќи како во дворот пронашол лилјаци и ги ставил во кантата пред куќата. Му рекол на синот никако да не ги допира тие животни.

-Тој изгледа сепак ја чепкал кантата зошто дојде и рече дека лилјакот го изгребал. Панично барав помош на Гугл што да направам. Му ги миев рацете со сапун и топла вода, вели тој.

Очајните родители велат дека не знаеле дека синот веднаш требало да го однесат во болница, но сепак се откажале од тоа кога Рајкл плачејќи се ги молел да не одат зошто се плашел од инјекции.

По една недела детето се пожалило на главоболки и рекло дека му се кочат прстињата.

Родителите тогаш го однеле во болница, каде докторите се обиделе да му го спасат животот со новиот третман кој  до тогаш им спасил живот на две заразени деца во САД и 18 луѓе ширум светот.

Меѓутоа детето е донесено предоцна, набрзо паднало во кома и недела дена потоа починало во болница.

 

Треба да знаете
Последни објави