Search

Утре почнува акцијата “ЗА ЧИСТО СКОПЈЕ” од Бутел, Смилевски ги повика сите да се приклучат

Градоначалникот Смилевски ги повика сите граѓани, сите општествено одговорни фирми да се приклучат во големото чистење на Скопје.

Ги повикувам сите граѓани и одговорни компаниина од територијата на општина Бутел, да ни се приклучат и да помогнат во акција која ја организира град Скопје “ЗА ЧИСТО СКОПЈЕ” а ќе започне од утре (четврток) од општина Бутел.
Со сите НАШИ ресурси, заедно со градските јавни претпријатија и ангажираните невработени лица, кои Град Скопје во соработка со Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика ги ангажира, ќе се исчистат сите запуштени делови од нашата општина.
Заeдно до чиста и здрава животна средина!

Напиша на својот фејсбоок профил градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави