Search

Утре без струја делови од неколку скопски општини

Без струја во текот на утрешниот ден ќе бидат корисници од делови од општина Центар, Студеничани, Ѓорче Петров, Сарај и Кисела Вода. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија, како што соопштија од РЦУК, е поради закажани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа.

Во периодот од 07:30 до 09:30 часот без струја ќе бидат корисници од објектите на Министерсво за Здравство и  Културниот Центар – Мала Станица, дел од ул. 50-та Дивизија и дел од ул. Јордан Михајлов во Општина Центар, а од 08:00 до 15:00 часот корисниците оддел од село Батинци  ул. 1, 6 и 7. во општина Студеничани.

Прекин во снабдувањето со струја во периодот од 08:30 до 10:30 часот ќе имаат корисниците во околината на кружниот тек на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, во општина Центар, од 08:30 до 13:00 часот корисниците од дел од потрошувачите од ул. Пекљане и ул. Мавровска во општина Ѓорче Петров, а од 09:00 до 12:00 часот,корисниците од дел од село Шишево во општина Сарај.

Во периодот од 11:00 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците Караорман,  Ганчо Хаџипанзов, Димитар Пандилов, Капиштец и Караорман во општина Центар, а од 13:00 до 15:00 часот корисниците од објектите во делот кај новиот кружен тек на ул. Христо Татарчев во општина Кисела Вода.

Треба да знаете
Последни објави