Search

Уште еден скандал на познатиот автомобилски произведувач: Со часови изложувале животни на издувни гасови

Компанијата “Volkswagen” се извини поради експериментот над мајмуни во кои животните биле присилени со часови да вдишуваат гасови кои ги испуштаат дизел моторите. Автомобилскиот концерн “Daimler” ветил дека ќе го испита случајот.

“Уверени сме дека применетата научна метода е погрешна. Многу би било подобро доколку веднаш биле откажани таквите испитувања. Се извинуваме поради погрешното однесување и погрешните проценки на поединците”, соопштил “Volkswagen”, дистанцирајќи се од секој облик на злоставување на животни. 

Концернот “Daimler” во саботата соопштил дека е покрената истрага и уште еднаш се дистанцирал од спорните методи:

“Сметаме дека експериментите врз животни се непотребни и неприфатливи”, изјавиле надлежните.

Намерата на произведувачот била да докаже дека загадувањето со издувни гасови кај дизел моторите е значително намалено. Поради тоа, иницијативата за лобирање “EUGT” (Европско научно здружение за заштита на околината и здравјето во транспортниот сектор), тело финансирано од “BMW”, “Volkswagen” и “Daimler”, ја нарачала студијата која е спроведена од страна на американскиот институт “Lovelace Respiratory Research Institute”.

Светските медиуми пренесуваат дека кон почетокот се разгледувале и можности за изведување на истите експерименти и врз луѓе.

Исто така, тие наведуваат дека мајмуните ги преживеале експериментите, но немаат информации за нивната здравствена состојба.

Треба да знаете
Последни објави