Search

Уште еден од обвинетите за „Шамарите во Центар“ ја призна вината

Сакам да кажам дека го признавам стореното и чувствувам длабоко каење рече Јордан Ристевски.

Првообвинетиот во случајот „Шамарите во Центар“, поранешниот советник во Советот на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ, Јордан Ристевски, пред судијката да го одложи судењето поради отсуство на еден од адвокатите, побара збор од судијката и на изненадување на сите во судница призна вина.

– По минатото рочиште откако ги разгледав делата за кои сум обвинет, сакам да кажам дека го признавам стореното и чувствувам длабоко каење – рече Ристевски. 

По ова, неговиот адвокат Боро Ристевски му го откажа полномошното бидејќи како што рече, не може да застапува обвинети кои не признаваат вина и обвинет кој признал.

Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, побара да се раздвои постапката и за овој обвинет кој ја призна вината и рочиштето да продолжи денес бидејќи признал вика и не е неопходно да ангажира адвокат, ако и обвинетиот се согласи. 

Во моментов судијката се повлече да одлучи дали ќе продолжи рочиштето за него во одвоена постапка денес или ќе закаже ново рочиште. Судењето за другите обвинети најверојатно ќе се одложи за 7 декември.

 

Треба да знаете
Последни објави