Search

Улиците во Приштина без возила

Улиците во Приштина без возила

Улиците во Приптина утрово осамнаа празни откако поради високата загаденост беа воведени итни мерки. 

Приватниот автомобилски сообраќај е забранет во центарот на градот, а продажбата на јаглен е забранета во целиот град до натамошно известување, објави Приштина инсајт.

Мерките вклучуваат ограничување на сообраќајот во градскиот центар и главните централни булевари.

Забраната не ги опфаќа јавните автобуси, такси-возилата, итните транспортни возила и полициските возила. Градот одлучи 30 автобуси под раководство на јавното претпријатие на градот да обезбедат бесплатен превоз.

На главните приоди во центарот се поставени полицајци, кои ги принудуваат автомобилите да се вратат назад. 

Треба да знаете
Последни објави