February 16, 2019 12:53
Македонија

„Тврдокорни“ ќе слават Нова година пред затворот во Шуто Оризари

Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ соопшти дека вечерва ќе организира пречек на новогодишната ноќ пред истражниот затвор во Шуто Оризари.

„Новогодишната ноќ пред затворот во „Шука“ ќе биде во знак на подршка на притворените уставобранители“, велат организаторите.

Веќе цел месец симпатизери на опозицијата и граѓански здруженија протестираат на повеќе локации, меѓу кои и Истражниот затвор во „Шуто оризари“, поради апсењата на функционери и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, за настаните што се случија на 27-ми април во Собранието.

Related posts

Утре и задутре обилни врнежи од снег

Ivona

Заев со опомена до функционерите: Мора да имаат видливи резултати или пак ќе бидат сменети

24news

Полицијата упадна во угостителски објект, има приведени

Filip